Јавен повик за изработка на веб страна
Инспирирани од глобалните промени, нашиот главен мотив зад идејата е да дадеме свој удел во задржување на работните места и поддршка на малите и средни бизниси во овие моменти кога се најмногу погодени.
Јавен повик за мали и средни компании кои се погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19
Светот во моментов се соочува со сериозно заклучување поради појавата на COVID-19 (Коронавирус). Изолирањето на се повеќе лица дома (за среќа) резултираше со празни трговски центри низ скоро целиот свет. Со оваа невидена пандемија, многу мали бизниси страдаат поради загуба на клиенти.
Неизбежно е дека во вакво време и навиките на потрошувачите се менуваат и тие се свртуваат кон купување на намирници преку Интернет. И покрај овие неизвесни времиња, ова исто така претставува можност бизнисите да го искористат времето и да научат како да воспостават присуство на Интернет.
Ние сме WordPress агенција која специјализира во изработка на сајтови, со акцент на eCommerce.
Инспирирани од глобалните промени, нашиот главен мотив зад идејата е да дадеме свој удел во задржување на работните места и поддршка на малите и средни бизниси во овие моменти кога се најмногу погодени.
Ова време, бара брза реакција и адаптација. Подготвени сме да во најбрз можен рок изработиме 5 веб страни за оние бизниси кои ќе ги избереме.
Неколку услови кои пријавените треба да ги исполнуваат, за да бидеме сигурни дека помагаме на вистинското место:
- Да е мал бизнис или среден бизнис (од 2 до 20 вработени)
- Да од почетокот на кризната состојба немаат отпуштено ниту еден вработен
- Да оваа веб страна биде гаранција дека не пречно ќе можат да ја извршуваат својата дејност а при тоа да останат дома
- Предност ќе имаат компаниите чија што дејност е во еден од секторите кои се најпогодени од кризата (транспорт, угостителство, туризам, трговија)
- Компанијата да е регистриран правен субјект
- Во последните 12 месеци да нема остварено поголем профит од режиските трошоци
Што нудиме?
Изработка на веб страна со е-продавница
Минимално функционална со онлајн плаќање
3 месеци бесплатни хостинг услуги, потоа се префрлувате на хостинг кој сами ќе го изберете
Интеграција на плагин за плакање преку НЛБ и ХАЛК бесплатно, за Касис начин на наплата ( Шпаркасе, Стопанска и Комерцијална Банка), си купувате додаток кој чини 10 Евра
Доколку е потребно ќе изработиме мини маркетинг стратегија за промовирање на новата веб страна како нов модел на бизнис.
Останете смирени
бидете безбедни
Најважно е да останете безбедни и смирни. Предизвикот со кој се соочуваме да го искористиме на најдобар можен начин.
Нашиот тим ќе ви биде на располагање за брза адаптација.
Сите заинтересирани, кои сметаат дека ги исполнуваат условите ве охрабруваме да аплицирате на оваа форма.